При оваа официјална посета на Романија предвидено е потпишување на два билатерални договори помеѓу Република Македонија и Романија – Договор за економска, научна и техничка соработка и Договор за соработка во областа на туризмот.
Сенатот на христијанскиот Универзитет „Димитрие Кантемир“ на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на свечена церемонија ќе му ја додели титулата „Доцтор Хонорис Цауса“.
На вториот ден од посетата Претседателот Иванов ќе се обрати на Економскиот форум во Букурешт во организација на Комората за индустрија и трговија на Романија. Претседателот Иванов и македонската делегација ќе се сретнат и со претставници на Друштвото на Македонците во Романија, при што ќе се одржи церемонија за постхумно доделување на „Орден за заслуги за Македонија“ на г-ѓа Лиана Думитреску, пратеничка која активно ги застапуваше Македонците во романскиот Парламент.
Официјалната посета на Романија претседателот Иванов ќе ја заокружи со посета на Јаши.