Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска,  ќе биде домаќин на Претседателот на Република Албанија Бамир Топи кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Топи ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе има официјална средба со неговиот македонски колега. Исто така предвидено е да се одржи и пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Република Албанија.

OhridNews