Претседателот на Европската Атлетска федерација (ЕАА) , г-дин Хансјорг Вирц беше гостин на Атлетската федерација на Македонија, а во текот на дводневната посета дојде во Охрид за да ја види новата атлетска патека.

– Јас сум импресиониран од новата атлетска патека и мислам дека е добар почеток за овој спорт. Прашањето е како ќе се управуваат и користат спортските објекти кои се градат  во Македонија но видов дека имате мотивирани луѓе кои ќе работат на промоција на спортот- изјави претседателот на европската атлетска федерација, Ханс Јорг Вирц.

Гостувањето на Вирц е прва официјална посета од осамостојувањето на Македонија на претседател на ЕАА.

М.П.