Претседателот на фудбалската федерација на Македонија Харалампие Хаџи-Ристески во друштво на генералниот секретар Игор Климпер го посетија тренинг кампот на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на пријателската тест среда со Албанија, утре 13 часот во Прилеп.  
 
Хаџи- Ристески, го истакна задоволството што амосферата во  кампот е позитивна, но изрази жалење што на контролата со нашиот западен сосед, нема да бидеме во најсилниот состав.
За жал повторно не сме комплетни, но селекторот има можност да го провери сите фудбалери кои тој ги избра и секако му се предложени од страна на неговите помошници. Имаат шанса младите фудбалери на овај натпревар да го покажат своето знаење и да се наметнат кај селекторот. Сметам дека од стартот на наредната година ќе отпочне да се формира тимот кој ќе треба да настапува на квалификационите натпревари кои започнуваат во септември. Се надевам дека нивата здравствена состојба ќе се подобри, им посакувам брзо оздравување и кога ќе стартуваат првите пријателски мечеви, да бидат во одлична форма и кондиција –рече претседателот Хаџи – Ристески.

Претседателот на ФФМ, уште еднаш потенцираше дека се наоѓаме во тешка група, но и дека со нашиот квалитет можеме да им парираме на селекциите на Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс. – Групата е тешка, балканските репрезентаци на Хрватска и Србија се со големо меѓународно искуство бидејќи обезбедиле пласман на големите натпрварување, но тоа не значи дека не можеме да им парираме, тие колку и да се чувствуаат надмоќни се плашат од нашата игра и нашиот квалитет. Секако дека имаме можност да се надигруваме, и ако бидат сите фудбалери во натпреварувачки ритам и форма мислам дека имаме шанси за висок пласман во групата, верувам во момците, верувам во селекторот во стручниот штаб, кој доста сериозно пристапи во неговата работа. 


На митингот на 23 овој месец во Брисел, претседателот на ФФМ, Хаџи-Ристески заедно со селекторот има изготвено концепт, но смета дека најголем проблем во договорите ќе биде хрватската делегација.  – Имаме конкретен план со селекторот, направивме некој концепт кој сметаме дека би ни одговарал, но секако дека треба тој план да се совпадне со другите федерации. На претходниот циклус не можевме да направиме договор, Ирска не отстпуваше од своите барања и со ждрепка  беше одредн како ќе се играат натпреварите. Хрватите се малце незгодни за договор и не отстпауваат од своите идеи, но ние ќе праобаме да направиме договор,ако не ќе одлучи ждребот во ФИФА, на сите досегашни натпреварување сме успеале да постигнеме договор. Како  и да е со сите треба да ги одмериме силите  – завршува претседателот на ФФМ Хаџи-Ристески.
М.П.