Утре, во куќата на Уранија, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Георги Старделов ќе прими делегација на албанската Академија на науките предводена од претседателот академик Гудар Беќириј, а присутни ќе се и потпретседателот на албанската академија Емин Риза и научниот секретар, академик Салватор Бушати .

На средбата е предвидено да се  разговара за идната научна соработка меѓу двете Академии, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање за научна соработка.

OhridNews