Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство, со цел надградување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од нашата земја и од дијаспората.


Она што го научивте тука и она што допрва ќе го учите во оваа област во роботиката се разбира дека е значајно, меѓутоа по мене позначајно е тоа што се дружевте помеѓу себе и направивте, се надевам, пријателства за цел живот. , истакна претседателот Пендаровски.
Кампот беше организиран од Македонија 2025 во партнерство со МАСИТ – Македонска стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, Млади Инженери и Охридско Лето. Спонзори на Кампот се Американската амбасада, Алкалоид и Herbal Science US.
Од вкупно 52 апликации беа избрани 17 учесници коишто имаа предзнаење за кодирање и роботика. Приоритет се даде на апликанти од социјално ранлива категорија, а притоа беше запазена и родовата, територијалната, рурално-урбана застапеност и ентичката припадност. Учесниците пред претседателот Пендаровски ги презентираа роботите коишто ги програмирале во рамки на нивните проекти, реализирани во кампот за високо-технолошка извонредност.

OhridNews

















