Најновиот развој на настаните во односите со Бугарија бил во фокусот на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, изјави по средбата шефот на државата Стево Пендаровски. Тој остро ги осуди силните вербални напади кои деновиве доаѓаат од Бугарија, а кои кулминираа по немилиот настан во Охрид, кој, како што истакна, е само мало делче од целиот мозаик.
Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи, се работи за организирани активности од страна на структури во соседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачка рамка во јули мината година. – рече Пендаровски.
Истите овие структури се веќе мобилизирани, и логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари, кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува, предупреди Шефот на државата. Рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.
Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи се работи за органзирани активности од стана на структури во соеседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачката рамка во јули, минатата година. Истите овие структури, се веќе мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организраното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува, истакна Пендаровски.
Претседатело упати порака до надлежните институции во Бугарија, кои, како што рече, не се дел од овие сценарија, да ги изолираат политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи.
Ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме. Секоја сериозна држава впрочем на светот тоа го прави, вклучително и Бугарија. Предлагам, во наредниот период, далеку подобра координација меѓу надлежните институции од двете земји, со цел, да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да станат жртва на анахрони националистички и популистички политики од двете страни. – рече Пендаровски.
За разлика од министерот за надворешни работи Османи, Пендаровски одговори на грубите навреди на техничкиот министар за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, кој вчера од Софија обвини дека во Македонија се враќаат „црните традиции“ – палење, пукање и насилство врз луѓето.
Тоа е прилично грозна изјава, смета Пендаровски.
Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44 (окупацијата на Бугарија врз Македонија*). Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција. – рече Пендаровски.
Ионака заладените односи помеѓу Бугарија и Македонија, дополнително се заострија по тепачка што на Водици се случи во Охрид, во која беше натепан охриѓанецот Христијан Пендиков, кој е секретар на клубот со контроверзно име „Цар Борис Трети“ – соработник на фашизмот во Втората светска војна. Иако во охридската јавност гласно се зборува за причините за пресметката, случајот во Бугарија е оквалификуван како напад врз бугарската заедница во Македонија.
Пендиков, кој има полициско досие за поседување дрога, со авион обезбеден од бугарската држава, без знаење на македонските правосудни органи, беше пренесен на лекување во Софија, каде е опериран и се опоравува од тешките повреди здобиени во тепачката, во која учествувале уште три лица. За инцидентот приведен е охриѓанец кому му е изречена мерка притвор, а за другите двајца учесници се смета дека не се од Охрид.
Правни експерти предупредија дека на овој начин истрагата за случаот е контаминирана.
Факт е дека начинот на кој сето тоа е направено, со целосно игнорирање на македонските правосудни власти, е опасен преседан, бидејќи се работи за активна истрага, која веќе е компромитирана со политичките изјави на политичките чинители. На тој начин се отежнува работата на јавниот обвинител, рече во изјава за Телма адвокатот Туфегчиќ.
Повредениот охриѓанец во Софија го посети министарот за надворешни работи Османи. Тој подоцна во интервју за бугарска телевизија рече дека не го интересира истрагата на надлежните институции во Македонија кои работат на расветлување на инцидентнот во Охрид, туку дека за него е битно само тврдењето на Пендиков и неговото семејство дека причина за нападот е етничката припадност, без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.
Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики. – рече Османи во интервјуто.
Османи рече дека тензиите треба да се смират и да се подобрат односите со Бугарија, како и дека не смее да се дозволи провокатори и насилници да ја киднапираат европската иднина на земјата.
Г.М.