Претседателот на ПАОК, Иван Савидис јавно преку писмена форма се извини за инцидентот кој го предизвика на мечот со АЕК во грчката Прва лига. Савидис незадоволен од судиските одлуки влета на теренот со пиштол во својот појас и го шокираше целиот фудбалски свет.

– Мојата емоционални реакција беше предизвикана од општата негативна ситуација што преовладува во грчкиот фудбал во последно време и од сите неприфатливи, неспортски работи што се случија кон крајот на натпреварот ПАОК- АЕК: постапките на судијата и помошникот (гол – офсајд – гол), прекинот на натпреварот, несогласувањата и влегување на теренот на десетици луѓе и од двете екипи. Сето ова можеше да создаде хаотична ситуација на теренот, а мојата единствена цел беше да ги заштитам десетиците илјади навивачи на ПАОК од провокации, судири и човечки жртви. – стои во соопштението од Савидис. 

Грчките власти реагираа брзо стопирајќи го фудбалот и распишаа потерница по Савидис кој ги прекрши сите спортски кодекси. 

OhridNews