Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, предизборната кампања во очи вториот круг од изборите в недела, ќе ја заврши во Охрид. Иванов кампањата пред еден месец ја почпна токму од Охрид најавувајќи единство и сплотеност на нацијата. Тој тогаш рече дека ќе се залага за решавање на спорот со името и дека ќе иницира директна средба со претседателот на Грција.

Иванов денеска ќе оствари средби со граѓаните на Охрид, а се очукава да гостува и во некој од локалните медиуми.

Претходно Иванов ќе престојува и во Маврово и Ростуша, Центар Жупа, Дебар и во Струга.

ohridnews