Лавовите од клубот „Лихнидос“ во соработка со Народниот театар Охрид во понеделник во  Центарот за култура организираат хуманитарен хепенинг, во рамки на кој ќе биде изведена хит претставата „Ај да си речиме уште една“.

Влезницата ќе чини 150 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманирани цели.

Претставата започнува во 19 часот.

Инаку, претстојната, е уште една во низата хуманитарни активности на ЛК „Лихнидос“. Минатиот понеделник во организација на овој лајанс клуб се одржа хуманитарен концерт на кој настапија професори и ученици од ОМУ „Методи Патче“. Неодамна клубот обезбеди поголема донација за социјално загрозено семејство од Охрид, а преку интернационален проект остварен беше и сонот на талентиран млад уметник од нашиот град, кому ЛК Лихнидос му подари пијано. Клубот активно ја помага и акцијата „Декември – Месец на отворено срце“ која има за цел да се соберат средства за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби.

OhridNews