Претставата „Чекајќи го Годо“ работена според делото на Семјуел Бекет, во режија Сашо Миленковски, ќе биде одиграна на сцената на Народниот театар Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ во петок, 21 март.

Претставата почнува во 20:00 часот. Карти во продажба од понеделник на билетарата при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата!
OhridNews











