Претставата „Чекајќи го Годо” во режија на Сашо Миленковски вечерва со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена пред охридската публика.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски во ликот на Владимир, Никола Тодороски – Естрагон, Павел Маслов – Лаки, Филип Кипровски – Поцо, додека улогата на момчето ја игра Бојан Трајкоски.
Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при Центарот за култура.
OhridNews













