Сабота ( 22 октомври) во Центарот за култура Григор Прличев, со почеток во 20 часот Охридскиот народен театар ќе ја изведе театарската претстава Метаморфози во режија на Андреј Цветановски.


Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.

Цена на билетот 100 денари.

OhridNews