Поради големиот интерес театарската претстава МЕТАМОРФОЗИ, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на новоформираниот Охридски театар, репризно ќе се прикаже денеска, четврток, со почеток во 20.00 часот во НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид, мала сала.

Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.

OhridNews