Ѓоргоски истакна дека му претставува голема чест и задоволство можноста да биде кум на најмасовно посетуваната прослава на големиот верски празник. При тоа најави дека освен сребрениот крст, ќе подари и 10.000 евра за да се наслика фрескоживописот во црквата на Плаошник, а ќе ги покрие и трошоците на здружението до предвање на кумството во 2014, во висина од 2000 евра.
– Голема чест е да се биде кум на оваа манифестација.Многу пати досега е кажувано дека Охрид е вториот Ерусалим, и затоа сакам да придонесам за разубавување на црквата на Плаошник која привлекува верници од секаде, рече новиот кум на Водици 2013.
Ѓоргоски по професија е дипломиран технолог инженер. Бил вработен во ЕМО- Охрид, , а од 1989 година работи како претприемач. Сопственик е на компанијата за сателитски антени „Зора“.

Од Богојавление информираа дека подготовките за манифестацијата течат во најдобар ред, поканите се веќе ипратени до голем број гости и македонскиот државен врв. Годинава испратена е и апликација до Гинис за соборување на рекордот за најголема количина на рибина чорба.











