„Не сакаме  како идни советници да држиме безвредни состаноци и седници, туку  на нив да ги оствариме, полека но сигурно,  размислувањата на луѓето, нивните идеи, предлози и проблемите со кои луѓето се судруваат секојдневно“, рече денеска на прес-конференција носителот на листата  од група избирачи ТНТ, Тома Трајаноски.

Втор на листата за советници од групата избирачи ТНТ е Тони Танкоски   доктор по ветринарна медицина.Помеѓу 23-та кандидати за советници се и Зорица Скендероска, Кирил Веслиевски, Димче Коруноски, Славица Трајаноска, Дончо Ангелески, Александар Говрик, Ирина Трајаноска иТомислав Докузоски.

Ohridnews