Спомен обележјето ќе биде изработено од бронза и ќе се постави на просторот од каде секоја година на Водици по светиот крст, во вода влегуваат капачите.Споменикот ќе биде со висина до 3,50 метри, а постаментот со висина од околу два метри.
Како што беше истакнато на денешната прес- конференција, Коруновски е автор на бројни скулптури поставени во неколку градови во земјава, а зад него се и неколку одржани самостојни изложби.
– Има навистина долг список на неговите дела и сметаме дека изборот кој го направи одоборот е вистинскиот, рече претседателот на одборот, Душко Јаковчески, кој изрази надеж дека спомен обележјето по неговото поставување ќе претставува една од најпосетените атракции во Охрид.