Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка во посета на Охрид, Струга и Вевчани остварија средби со градоначалниците и претставници на секторите за туризам.
Во изминатите два дена, претставници од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA беа гости на директорката Билјана Стефаноска, која активно работи на тоа токму Македонија да биде избрана за новиот JICA проект во Западен Балкан. Предложен е Југозападниот регион, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Во оваа насока, велат, оствaрени биле средби со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, како и претставници од Секторот за туризам при Општина Струга.
Целта е да се покаже потенцијалот на регионот за одржлив туризам, заштита на животната средина и културно наследство, потенцираат од АППТ.
OhridNews