Претставници од Швајцарската амбасада остварија средба со директорот на НУ Завод и Музеј Охрид во Заливот на коските
12.08.24 10:29
Претставници од Швајцарската амбасада предводени од заменик шеф на мисијата и вршител на должност Михал Харари остварија средба со директорот на НУ Завод и Музеј Охрид, Горан Патчев, во Заливот на коските.
На средба се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн, тогашните истражувања и резултати како и идните планови за соработка, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
На средбата, додаваат, од страна на Швајцарската делагација беа присутни и Анета Дамјановска, национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија, Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програмата за зголемување на пазарна вработливост (www.ime.org.mk), Тања Георгиевска, заменик директор на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME), Зоран Тодоровски, експерт за туризам на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME) и Генералниот менаџер на Фибула Травел, Асим Меџедовиќ.
Разговор се водеше и со Милутин Секулоски -Мичо од нуркачкиот центар Амфора од Охрид за локалитетот Плоча Миќов град, со кои и претходно се остваруваа соработки преку Швајцарската амбасада, а во однос на нуркачки активности и подводната археологија, истакнуваат.
Потенцираат дека низ прошетката на целиот комплекс презентација беше одржана од страна на кустос м-р археолог Христијан Петровски.
Сонцето по подолго време сјае на небото над Охрид Убавото време и неработниот празничен ден се идеална комбинација за уживање на свеж воздух или дружење во некое од бројните кафулиња и ресторани на...
Единаесет века по заминувањето од овој свет делата на големиот светител и учител Климент Охридски се уште силно одекнуваат насекаде кадешто тој творел, создавал и описменувал Почитта кон Св Климен ...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец Максималнат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.