По повод празникот  на Светите Козма и Дамјан и по повод 10 годишнина од осветувањето на црквата посветена на овие светци во селото Речица, во текот на вчерашниот ден претставник на локалната самоуправа го посети истоименото село и присуствуваше на свеченоста организирана од црковниот одбор.

Советникот Илија Арнаудовски, оствари средба со жителите на Речица, при што се запозна со проблемите кое месното население ги има.

Инаку, црквата посветена на Светите Козма и Дамјан е изградена во 2001 година, а е осветена во 2003 година.

OhridNews