По повод Патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“, Охрид, деновиве во посета на училиштето бил директорот на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, Стефан Хаџиандоновски, заедно со други претставници.

Учениците имале можност да проследат предавање по повод големиот јубилеј 110 години од снимањето на првиот филм во историјата на филмот кај нас, филмот „Предачки“, сниман 1905 год. од страна на браќата Манаки.

Исто така, со голем интерес била проследена проекцијата на наградени филмови на овогодинешниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, на кој зеде учество и училиште „Св. Климент Охридски“ со играно-документарниот филм „Ана Франк“ по сценарио и режија на Никица Мишева, камерман Димитрие Ристески и монтажер Борче Трифуноски.

Од училиштето информираат дека од средабата произлегол договор за меѓусебна соработка која ќе придонесе за афирмација на училиштето во јавноста.