Претставниците на Парковите Динариди, деновиве,  беа во посета на трите македонски Национални паркови. Покрај менаџерите на одделни паркови од ДИНАРИДИТЕ,  студиската посета беше покриена и со тв екипа која вршеше видео снимање во трите Македонски национални паркови, за понатамошна употреба во промотивни цели во регионот на Динаридите и светот.

При посетата на Националниот парк„ Галичица“ на присутните им беа презентирани можностите на Македонските национални паркови за одржливото користење на природниот ресурс, во насока на одржливиот туризам како сегмент од заштита на просторот во подрачјата кои се под законска заштита во Македонија, со посебен осврт на Националниот парк „Галичица“.

Парковите Динариди го зафаќаат регионот од Словенија,Хрватска,Босна и Херцеговина, Црна Гора,Србија, Косово, Албанија и Македонија. Во овој регион има 75 паркови на природа и национални паркови.

Проектот паркови Динариди значи вмрежување на сите овие паркови под заедничко име Паркови Динариди , поради промоција на регионот,а воедно и создавање на бренд за светска препознатливост.