Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес се сретна со претставници  на  Светска Банка, предводени од Малгоржата Маркиевиќ Богов. На состанокот, на кој присуствуваа и директорите на јавните претпијатија и раководителите на сектори при Локалнaта самоуправа, претставниците на банката прибираа инфорамции за работата на Локалнaта самоуправа  и поставеноста на јавните претпријатија.

Банкарите се интересираа за финансиската кондиција на јавните претпријатија и нивните долгови, како и за активностите кои се презедоа во последната година за нивна финансиска консолидација.

Градоначалникот Никола Бакрачески детално ги запозна со мерките кои се превземени во претпријатијата и ефектите кои произлегоа од едногодишните напори истите финансиски да се стабилизираат. Посочена беше мерката, јавните претпријатија да се ангажираат во одредени изведбени работи за потребите на Локаланта самоуправа, што пак обезбеди далеку пониски цени и заштеди во општинскиот буџет. Така, средствата наместо во приватни фирми сега се слеваат во јавните претпријатија.

На состанокот гостите се итнересираа и беа запознаени и со функционирањето на сообраќајот, начините на кој тој се организира и методите по кои се избираат улиците или патиштата кои ќе имаат првенство при санирањето или асфалтирањето. Тие се итнересираа и за главните сообраќајни аретрии на Охрид како и за процентот со кој учествува Министерството за транспорт и врски во вкупните трошоци за одржување на локалната патна инфраструктура во општината.

Посочено беше дека се изработени проекти за кружни текови на главните крстосници во градот, а елабориран беше и проблемот со пакринг просторот во градот кој се создаде со големата урбанизација и со зголемувањето на бројот на возила во сопственост на граѓаните.

На гостите на нивно барање им беше појаснет и начинот и орпемата со која се допонира отпадот на депонијата „Буково“, како и методите со кои отпадот се складира на истата. Беа запознати и со возниот парк со кој оперира ЈП „ Охридски Комуналец“ ,кој го сочинуваат 14 возила од кои 3  не се во функција  и  дека возилата се прозведени во 1980 година. Некои од нив се од јапонскиот производител „ Исузу“  и при дефектите кои често се случуваат, претпријатието тешко наоѓа резервни делови, на кои се чека и по четири месеци.

За МЈП „ Проаква“гостите се интересираа околу отплаќањето на кредитот од КФВ  Банката, дали препријатието може самостојно да го финансира своето работење или добива субвенции од Локаланта, а како најголем проблем беше посочена превработеноста. Делегацијата на банката се запозна и со капацитетот на колекторскиот систем, неговата старост како и соработката со Јапонската влада која се одвива во правец на репарација и екстензија на просторот опфатен со колекторот во општините Охрид и Струга.

Градоначалникот Бакрачески и претставничката на банката Маркиевиќ Богов изразија подготвеност од октомври да стартуваат првите проекти во Охрид кои ќе се финансирани со средства од Светска Банка,  а кои ќе се од голема важност за подобрување на инфраструктурата, функционирањето на јавните претпријатија и заштитата на природната средина во градот.

OhridNews