Викендов, во официјална посета на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ беа претставници на кинеската компанија за производство на автобуси YUTONG, производител на двокатниот панорамски автобус со кој стопанисува Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’.
Во разговор со претставниците од YUTONG директорот на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’, Иванчо Цветкоски се информираше за тековното работење на компанијата, како и за функционирањето на претставништвото на компанијата во Македонија.
Цветкоски потенцира задоволство од перформансите на двокатниот автобус и ја пренесе потребата од нископаден автобус, кој би служел за превоз на спортски екипи, ученици, играорни групи како и на лицата со попреченост.
OhridNews