Согласно Меморандумот потпишан помеѓу Општина Охрид и Министерството за труд и социјална политика, се одржа еднодневна работилница на тема „ Ефективна имплементација на законот за заштита и спречување на дискриминацијата“ на која присуствуваа претставници од локалните институции и претставници од невладиниот сектор.

Законот за заштита и спречување на дискриминацијата беше донсен во април 2010 година, а стапи во сила во јануари оваа година. Со овој Закон се забранува секаква директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување дискриминација и помагање на дискриминаторско постапување.

Законот ќе се применува во областа на работата и работните односи, науката, спортот, образованието, социјалната сигурност вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита, исто така во делот на правосудството и управата како и во областите на домување, јавно информирање и медиуми, членување и делување во синдикални организации, полтички партии и невладини организации.

Предвидено е ваква работилница да се одржи и со претставници на Советот на Општина Охрид, членови на Комисијата за родова еднаквост.

Работилницата беше организирана од страна на Општина Охрид и Црвениот крст од Охрид.

OhridNews