Денеска државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, ќе ги посети Центарот за обука на вода и Регионалниот центар за одбрана во Охрид, како дел од неговата работна посета во општината.
Исто така, Стефаноски свечено ќе ја затвори „Регионалната летна школа за сајбер одбрана“ како дел од НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, при што ќе бидат доделени благодарници и сертификати на учесниците.
OhridNews