Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Црвен крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите кои под мотото „Насекаде за секого“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, претставници од Црвен крст Охрид беа во посета на новороденчињата во гинеколошкото одделение при Општа болница.
На сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст, и на нивните мајки им беа доделени пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави, хумани и достоинствени личности.
Од општинскиот Црвен крст потенцираат дека оваа активност секоја година ќе биде дел од одбележувањето на Неделата на Црвениот крст.
OhridNews














