По повод Меѓународниот ден на ромите, 8 април, градоначалникот Никола Бакрачески денеска , во својот кабинет ги прими претставниците од ромската заедница од Охрид.
На средбата, претставниците на охридските Роми ги изнесоа проблемите со кои се соочува оваа популација , а градоначалникот Бакрачески потенцира дека општината максимално се залага и работи на стратегија за унапредување на правата на оваа заедница и нивна заштита, во насока на подобрување на животниот стандард, како и условите за стекнување образование и вработување.
Градоначалникот истакна дека, локалната самоуправа ќе го поддржи и предложениот проект од сферата на социјалната заштита со ангажман на лице кое ќе биде линк- медијатор меѓу граѓаните, општината и Центарот за социјални грижи од Охрид. Лицето би било ангажирано за собирање документи, пополнување апликации и формулари.
Локалната самоуправа ќе го поддржи и проектот бесплатен оброк во народната кујна да добијат и членовите од социјално најзагрозените ромски семејства од Охрид. Во иднина општината ќе ги помага и проектите кои се однесуваат на одбележување на 8 април- Меѓународниот ден на Ромите и на празникот Ѓурѓовден кој се одбележува на 7 мај.
OhridNews