Претставници од Амбасадата на Руската федерација на РМ, денес, беа во посета на НУ Библитека “Григор Прличев”, каде остварија средба со директорката на охридската библиотека, Александра Белеска.

На средбата, се разговараше за воспоставување на културна соработка меѓу секторот за култура при Руската амбасада и библиотеката.

– Токму овој сектор во иднина би бил посредник во организирањето и одржувањето на повеќе културни настани меѓу двете земји преку кои ќе се негуваат културата, јазикот, обичаите и традицијата на двата народи,изјави Белеска.

Од страна на заменик амбасадорот на Руската Федерација, на охридската библиотека и беа подарени повеќе книги на руски јазик: руски класици, детска литература, научно-популарна руска литература и периодика.

Во моментов, библиотеката располага со литература на албански, турски, англиски, француски, германски јазик како и бугарска и холандска литература.

OhridNews