Австралиско – македонкиот театар од Сиднеј денеска во Центарот за култура во Охрид со почеток во 20 часот, ќе ја изведе претставата “Мр. Балкан”.
Во претставата играат: Васко Србиноски, Соња Зенговска, Пецо Зенговски, Митра Недановска-Нешковска, Стефо Нанцу, Татјана Тодороска, Спасиа Огненовски, Илдико Каса, Јасмина Зенговска, Душан Ристевски и Јован Ристевски.
Сценариото е на Стефо Нанцу и Душан Ристевски, а продуцент е Зоран Лозевски. Претставата е во режија на Стефо Нанцу.
Влез 100 денари.











