Како што беше најавено, во рамки на најновото издание на манифестацијата Струшки вечери на поезијата, кои започнаа пред два дена во Струга, ќе се одржи симпозиумот „Новите комуникации – закана или перспектива за поезијата“ и меѓународно поетско читање „Матине“. Предвиден е и омаж за Ацо Шопов по повод 30 години од неговата смрт, а ќе се оддржи и традиционалната манифестација „Ноќ без интерпункција“.
Златниот венец на поезијата на годинашниот добитник ќе му биде врачен утре на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално се одржува на Мостот на поезијата. При тоа ќе бидат доделени и наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” , „Мостови на Струга“ и наградата „Иселеничка грамота“.