Од УХМР информираат дека во текот на утрешниот ден не очекува претежно сончево време со слаб до умерен јужен ветар. Минималната температура во Охрид ќе биде -3, а максималната до 7 степени.

Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Во недела ќе биде умерено до значително облачно. Во западните делови од земјата попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините снег.

За време на викендот максималната температура во Охрид ќе биде 8 степени, а минималната од -2 до 3 степени.

OhridNews