Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд кој во текот на денот ќе се преместува кон исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Променливо облачно и малку посвежо ќе биде во вторник, со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Во среда ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната темепаратура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 14 до 24 степени.
OhridNews












