Времето денеска ќе биде претежно сончево со повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

И во недела ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен, повремено до засилен ветер, а максималната температура ќе се искачи до 27-от степен.

Сончево и потопло време не очекува и во првите денови од новата работна недела. Минималната температура ќе се движи од 6 до 16, а максималната од 27 до 37 степени, информира УХМР.

OhridNews