Во петок во текот на ноќта и во сабота ќе има позначителна промена на времето со обилни врнежи од дожд. Локално ќе има невреме со пороен дожд над 20 л/м2, силен ветер, грмежи и град. Од недела следува период на променливо и посвежо време со повремени врнежи од дожд и умерен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Неповолна е и биометеоролошката прогноза.  Во вечерните часови се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, во грбот и вратни болки. Во ноќните часови кај некои ќе се појави чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови на следниот ден болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се подолготрајни.

OhridNews