Времето денеска претпладне променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, по одделни котлини со појава на утринска магла и ниска облачност. Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица, информира УХМР Македонија.
OhridNews












