Месното население од Шум, струшко, започна со изградба на спомен обележје на народното востание, што пред сто години го кренале жителите Македонци и Албанци од Охрид, Струга и Дебар против тогашната српска војска.
Иако за иницијативата која ја предале на локалната самоуправа и надлежните институции се’ уште немаат добиено одговор, тие веќе го уредуваат и бетонираат просторот покрај магистралниот пат кој води до граничниот премин Ќафасан.
-На 28ми септември се навршувАат 100 години од народното востание што започнало од ова место против српската војска која тогаш ги окупирала овие територии. Тука се собрале луѓето и се организирале против агресијата, заедно со четите на Милан Мато и охриѓанецот Чаулев. Оттука тргнале и војувале неколку недели до местото Петриње и во тоа време имало заеднички албанско македонски фронт кој покажал дека тука живееле други народи различни од окупатиорите на тие територии.-изјави Ваит Ајро, од иницијативниот одбор за поставување на спомен обејежјето.
Ваит Ајро
Тој посочува дека нема да биде подигнат споменик туку ќе биде поставена спомен плоча, на која на Албански јазик ќе пишува дека тука е формирана војската која се кренала против тогашниот окупатор.
Сашо Цветкоски, раководител на Музеј Струга, вели дека е легитимна иницијативата за поставување спомен обележје за заедничкото востание на Македонците и Албанците пред 100 години, но претходно е добро да се сочека мислењето на научната јавност која токму на оваа тема во наредните денови ќе одржи два значајни стручни собири. Дополнително, додава Цветкоски, иницијативата без потребните одлуки на институциите се реалзира на земјиште кое се смета за црковно.
-Сакам да нагласам дека е многу битно да ги сочекаме тие резлутати од науката, бидејќи, за прв пат имаме заедничка борба против окупатор на македонците и албанците од овие простори. Иницијативата е легитимна но треба да се најде соодветно место, затоа што ова е црковно. Тука до пред 10 години имаше крст, а и во старите визитации е евидентирано како црковно место.-објаснува Цветкоски.
Од иницијативниот одбор за поставување на спомен плочата на востанието против српската војска пред 100 години, велат дека местото не е црковно, туку општонародно, што според нив било назначено и во урбанистичките планови од 2004 година.
OhridNews