Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф. д-р Ангела Паскуале.

Преку интересно предавање, примери, размена на искуства и отворена дискусија, студентите и присутните имаа можност да научат повеќе за значењето на правилната исхрана, здравите навики и секојдневната грижа за сопственото здравје.

Настанот беше повеќе од предавање – можност за заедничко учење, интерактивно дружење и поттикнување позитивни промени преку мали, но значајни чекори.

Во духот на Розовиот октомври, уште еднаш ја истакнавме важноста на информираноста, превенцијата и грижата за женското здравје, велат од Факултетот.

OhridNews