СВР Охрид и основното училиште „Григор Прличев“ вчера ја реализираа сообраќајната превентивна кампања „Безбедно дете“.

На 120 ученици од шесто одделение им беа објаснети сообраќајните правила и прописи за безбедно движење и управување велосипед низ сообраќајниците, по што тие возеа велосипед и практично ја совладуваа теоретската настава. Целта на кампањата е едукација на најмладите од областа на сообраќајот и доследна примена на сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот, велат од МВР.

OhridNews