Превентивните активности на МВР што се реализираа на подрачјата на повеќе Сектори за внатрешни работи пред се беа посветени на „Европската недела на мобилност“. Така и на подрачјето на СВР Охрид, во Охрид и во Кичево беа реализирани манифестации кои што имаа рекреативно едукативен карактер за децата од предучилишна возраст но и за децата од основните и средни училишта.
Ученици од охридските основни училишта „Глигор Прличев“ и „Кочо Рацин“, во соработка со полициски службеници од СВР Охрид, а по повод „Европската недела на мобилност“, низ охридските улици организираа возење велосипеди.
На оваа манифестација која се одвиваше по трасата на улиците „Димитар Влахов“, „Македонски просветители“, „Кеј Македонија“, „АСНОМ“, „Туристичка“ и „Кленоец“ учествуваа и ученици од другите основни и средни училишта од Охрид, информираат од МВР.
OhridNews