Отсекот за превенција при СВР Охрид почна со спроведување на превентивна кампања за безбеден сообраќај, насочена кон мотоциклистите, велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети.

Притоа, низ директна комуникација и делење на едукативни летоци, на граѓаните им беше посочена потребата од почитување на сообраќајните прописи со цел безбедно учество во сообраќајот, особено околу законските обврски за задолжително носење заштитна кацига, задолжително користење на велосипедската патека, како и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, информираат од СВР Охрид.

OhridNews