Денес во периодот од 11.30 до 13.00 часот од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид во централно градско подрачје во Охрид, во рамки на „Безбедно лето 2023“ спроведена е превентивна активност во рамки на проектите „Внимателна заедница“ и „Бизнисот и заедницата“.
Во текот на активностите на сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва и кражби, начините на препознавање и потребата од навремено пријавување, информираат од МВР.
Воедно додаваат дека целта на активноста е подигање на свесноста кај сите граѓани за создавање на побезбедна и сигурна заедница, како и заштита на животот и имотот.

OhridNews











