Согласно одредбите на Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, викендов, СВР Охрид презеде плански мерки со цел откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. Воедно, контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде се сместуваат лица од други градови и подрачја.

Акцијата имаше и превентивен карактер, а целта беше елиминирање на појава на питачење, на можностите за вршење прекршоци, кражби и други казнени дела, нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од СВР Охрид.

Активностите на полициските службеници, беа спроведувани во соработка со Центарот за социјални грижи, при што на подрачјето на Охрид, по овие основи беа контролирани повеке станоиздавачи. Притоа, затекнати се вкупно 30 лица кои подолго време, во Охрид, вршеле питачење на повеке локации, претежно во централното градско подрачје. Од страна на службата ке бидат поднесени прекршочни пријави.

Затекнатите лица, со обезбеден превоз безбедно се транспортирани од Охрид до нивните места на живеење. Заради целосна безбедност на граѓаните на Охрид и туристите, СВР Охрид и понатаму, ке продолжи со примена на овие но и на сите други законски овластувања, велат од охридската полиција.

Ohridnews