Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид деновиве ја спроведуваат превентивно-едукативната кампања „Безбедни матурски прослави“.

Притоа, тимот од полициски службеници, низ интерактивна комуникација и видео презентации, ги запознаваат охридските матурантите со потребата од безбедно прославување на матурските вечери, избегнување на користење алкохол а посебно да не се управуваат возила под дејство на алкохол, зачувување на јавниот ред и мир за време на матурските прослави, но и за одговорностите и законските последици со кои би се соочиле доколку има кршење на соодветните законски обврски и непочитување на законските правила и прописи, информираат од МВР.

Посочуваат дека оваа превентивна активност, освен во Охрид, се реализира и во Струга, Кичево и Дебар.

OhridNews