Пролетта како годишно време, не е препознатлива само по расцутувањето на дрвата и пријатното време, туку и по бројните алергиски реакции кои се јавуваат кај луѓето. Токму овој период, карактеристични се алергиите предизвикани од поленовиот прав, а граѓаните се почесто се жалат на симптомите поврзани со расцутувањето на дрвата.

Алергијата може да се опише како преосетливост на организмот кон некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имунолошкиот систем кон внесените  алергени. Во секој случај, оваа појава може да се јави кај сите возрасни категории, почнувајќи од децата па се до постарите луѓе.

Носечки супстанции кои можат да предизвикаат алергија, се храната и лековите, а овој период е карактеристичен по поленот. Алергијата кон полен, може да се манифестира со полесни или посериозни симптоми како што е солзење на очите, течење на носот и сува и упорна кашлица.“ – вели д-р Сузана Новакоска Дујковиќ, од поликлиниката „Кардиолаб Маџаров“.

Новаскоска Дујковиќ истакнува дека потребно е да се преземат превентивни мерки против оваа алергиска рекција карактеристична за пролетта, со што симптомите навреме би се ублажиле.

Јас би им препорачала на сите оние кои страдаат од алергија на полен, да избегнуваат излегување на отворено, посебно во парковите. Ова се однеснува на периодот кога цветаат растенијата, на чиј полен се алергични луѓето. Исто така, потребно е носење на очила за сонце, за оние кои се преосетливи на сончевата светлина. Тука мора да се напомене дека алиштата не треба да се сушат на отворено, доколку лицата се алергични на полен.“ – додава д-р Новакоска Дујковиќ.

Постојат повеќе начини за лекување на алергиските реакции, а д-р вели дека оние луѓе кај кои се поизразени реакциите, треба да се обратат кај своите матични лекари.

Кај полените форми, доволно е да се преземат овие превентивни мерки. Кај посериозно изразените рекации, граѓаните треба да се обратат  кај матичните лекари, кои ќе им препишат терапија со антихистамицини. Само така, симптомите можат да се ублажат.“ – истакнува д-р Новакоска Дујковиќ

Најчесто симптомите се манифестираат во текот на целиот животен век на човекот, а во последната деценија постои имуно-терапија која се покажала како ефикасна во ублажување и лекување на симтомите предизвикани од алергиите.

О.Т.