Во соработка со Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, во ОУ „Братство Единство“ беа реализирани превентивно-едукативни предавања на тема „Безбедно и одговорно користење на социјалните мрежи“.

Учениците имаа можност да се запознаат со ризиците во дигиталниот простор, заштитата на личната приватност, последиците од несоодветното користење на социјалните мрежи, како и со важноста на одговорното однесување на интернет, велат од училиштето.

Воедно, упатуваат благодарност до претставниците на СВР Охрид за соработката и придонесот во подигнувањето на свеста кај учениците за побезбедно користење на дигиталните платформи.

OhridNews