На Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ внатрешниот судир деновиве доживува кулминација.
Според одредени информации испратени до медиумите од официјален орган на високо образовната институцијата, наводно е извршена смена во раководните струкурури на универзитетот.
Од друга страна, ваквите информации УИНТ Св. Апостол Павле“ не ги потврдува.
Како што дознаваме, надлежни служби го проверуваат случајот и целокупната документација и постапка поврзана со него и се очекува во текот на денешниот ден универзитетот и Министерството за образование да излезат со официјална информација за превирањата на УИНТ „Св. Апостол Павле“.