Попладнево на патниот правец Охрид- Св.Стефан се случи сообраќајна незгода во која учествало патничко моторно возило со охридски регистарски таблици марка „Пежо“.

До сообраќајната незгода дошло откако возачот, кој со возилото се движел во правец од населбата Свети Стефан кон Охрид, изгубил контрола над возилото кое удрило во заштитната метална ограда по што се превртело на кров, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во незгодата возачот не е повреден. Се врши увид на местото на незгодата и подигање на превртеното возило.

OhridNews