Во пресрет на уписите за средно училиште кои ќе се изведат во текот на месец јуни, професори од сите струки при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во периодот од 23 до 26 мај го претставуваат училишниот центар пред деветоодделенците од основните училишта од Охрид и Струга.
При презентациите се претставуваат сите струки и профили кои се изучуваат во нашиот училиштен центар, а деветоодделеницте се запознаваат со предности кои ги нуди учењето на стручното образование, информираат од училиштето.
Потенцираат дека предвидено е по завршување на презентациите во училиштата да се одржи и отворен ден.
На 27 мај во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одржи и отворен ден на кој сите посетители ќе може да се запознаат со начинот на изведување на наставата во нашиот центар, а своја презентација ќе имаат и нашите партнерски компании од концептот на дуалното образование Костал, ОДВ Електрик, ЛТХ Леарница и Магна, информираат од училиштето.
OhridNews













