Презентација насловена „Роботите и животната средина“ ќе одржи денес професорот Анис Сефиданис во Касарна Хаб во Охрид, а настанот е со почеток во 18 часот информираат од Касарна Хаб.

Од Хабот информираат дека изминатиот период имаат организирано неколку Отворени денови во петок.

Бевме пријатно изненадени од интересот и на секој отворен ден се стекнувавме со нови интересни контакти со различни идеи, вештини и иновации. Бевме посетени од млади и од стари охриѓани, од граѓански организации и бизниси, и од професори, велат.

Додаваат дека организирале и еден поголем настан – презентација на Марио и Виктор – млади средношколци кои освоија награда за Best Game Europe на Game Jam + во Бразил, додека локалното здружение Slow Food Ohrid одржали две средби во нивните простории.

На ФБ страницата објавуваме повици за бизниси и граѓани поврзани со претприемништво и иновации. Очекуваме интересот за користење на хабот да се зголеми после летната сезона, велат.

Инаку, професорот Сефиданис предава на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” во Охрид. Д-р Сефиданис е автор на четири книги од областа на ИТ, меѓу кои “Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција” и основач на центарот за вештачка интелигенција СЕФИДАНИС од Охрид кој во регионот го донесе првиот Суперкомпјутер на компанијата NVIDIA.

OhridNews